Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса: Лукас Спорт Бул. Гоце Делчев бр. 3, Прилеп и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса contact@lukassport.mk Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Доколку ви треба нова големина или боја тогаш ќе треба да контактирате на маил contact@lukassport.mk или на 075 360 100 да потврдиме дали имаме на залиха, и ако има во магацин ќе се направи замена со тоа што трошокот за праќање од ваша страна и праќање од наша страна ќе биде на ваш трошок!

Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас.

Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е НЕВОЗМОЖНА.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Лукас Спорт има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на маил contact@lukassport.mkНашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
Лукас Спорт ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на Лукас Спорт.

Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од пет работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Лукас Спорт и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.